
Одбранбениот играч на Милан, Тео Хернандез, изјави дека нема никаква намера да го напушти клубот. Французинот е еден од најважните фудбалери во составот на Пауло Фонсека, а синоќа постигна еден од головите за победата од 3-0 против Лече и се израмни по број на погодоци за „росонерите“ со легендата Паоло Малдини. И двајцата имаат по 29 голови за Милан.
„Многу сум среќен тука. Навивачите, соиграчите – сите ми ја покажуваат својата љубов, а тоа е исклучително важно. Навистина се чувствувам одлично во Милан“, изјави Хернандез.
Милан го ангажираше левиот бек во 2019 година. Неговиот договор со италијанскиот гигант е до 2026 година.
Во тековната сезона Тео Хернандез има постигнато два гола на 7 натпревари во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
