
Баерн Минхен ја освои десеттата последовна титула во Бундес-лигата оваа сезона, но работите во клубот се далеку од мирни. Причина за тоа е зголемената тензија меѓу тренерот на тимот Џулијан Нагелсман и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, пишува печатот во Германија.
Актуелниот тренер летото пристигна на „Алијанц Арена“ и успеа да се избори за шампионската титула, но беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Вилјареал, што се смета за сериозен неуспех. Но, и самиот стратег е на мислење дека нема доволно добар кадар, што е главната причина за недоразбирањата.
Нагелсман имаше разговари со раководството и бараше поголема активност на трансфер пазарот, но тоа не се случи. Според најавите, Баерн Минхен нема да биде интензивно вклучен ниту во овој летен преоден рок. Ќе бидат доведени неколку фудбалери, но претежно како слободни агенти. Од друга страна, Роберт Левандовски и Серж Гнабри најавуваат заминување од „Алијанц арена“. Сето ова му создава дополнителен притисок на Нагелсман, кој можно е и да замине од клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
