Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше категоричен дека не размислува за напуштање на клубот, бидејќи шпекулациите повторно се појавија по поразот од Борнмут. Главна цел за тимот пред утрешната пресметка со Баерн Минхен е останувањето во европските натпреварувања.
Победа против Баварците утре ќе им гарантира на „црвените ѓаволи“ најмалку трето место во групата и продолжување во Лига Европа, а со евентуално реми меѓу Копенхаген и Галатасарај сѐ уште имаат шанси да се пласираат дури и во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
„Никогаш не размислувам за негативното сценарио. Знаеме што треба да направиме за да останеме во Европа. Никогаш не размислувам да освојам турнир на почетокот на сезоната. Сè уште ја имаме таа можност, но сега не ја држиме судбината во наши раце. Мора да победиме за да останеме во Европа“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













