
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е свесен дека ќе добие отказ на крајот од сезоната. Според медиумите на Островот, неколку играчи на „црвените ѓаволи“ потврдиле дека забележале промена во однесувањето на Холанѓанецот во последните недели, што е показател дека тој се помирил со својата судбина.
И покрај резултатот што ги постигна тимот на дербито со Ливерпул, Јунајтед има само една победа во последните шест првенствени натпревари и тимот заостанува 11 бода зад четвртото и петтото место, па пласманот во Лигата на шампионите во моментов изгледа практично невозможен.
Минатиот петок, Тен Хаг беше уверен на својата прес-конференција како нема сомнеж дека ќе остане и следната сезона, но промената во неговото расположение сугерира поинаку.
Новиот косопственик Сер Џим Ретклиф се воздржа јавно да ја изрази својата поддршка за Холанѓанецот, што е исто така јасен знак за неговата иднина.
Поранешниот менаџер на Челси, Грем Потер, веќе одржал состанок со британскиот милијардер и е подготвен да ги преземе „црвените ѓаволи“. Токму поради оваа причина Потер минатата недела ја одби понудата да биде тренер на Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Супер-пресврт на Милан против Лече

Евро-фудбал
Потоп на фаворитите во Бундес-лигата (ВИДЕО)
