
Манчестер Јунајтед изгледа подготвен да ја одбие најновата понуда на Вест Хем за дефанзивецот Хари Мегваер. Повредата на Рафаел Варан значи дека менаџерот Ерик тен Хаг сака да има повеќе опции во одбраната, но „чеканите“ се уште се надеваат да го ангажираат англискиот репрезентативец.
Вест Хем веќе испрати понуда од 30 милиони фунти за Мегваер, која беше прифатена од „црвените ѓаволи“, но договорот пропадна поради желбата на централниот дефанзивец да добие голема отштета при заминувањето од „Олд Трафорд“.
Сепак, 30-годишниот поранешен капитен на Манчестер Јунајтед сега изгледа дека ќе остане во тимот на Тен Хаг заедно со Виктор Линделоф, Лисандро Мартинез и Ерик Баи, кои во моментов се единствените тројца здрави централни бекови.
Баи нема да остане уште долго на „Олд Трафорд“ со оглед дека му претстои преселба во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
