Connect with us

Тен Хаг решава за судбината на Кристијано Роналдо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, денеска ќе има состанок со Кристијано Роналдо и по средбата ќе одлучи дали ќе го врати Португалецот во првиот тим. Тој беше исфрлен од сениорскиот тим и казнет со двонеделна плата откако предвреме го напушти теренот на натпреварот против Тотенхем, на кој одби да влезе како замена во финишот.


Тен Хаг сака да види дека Роналдо покажува вистинско каење за да му дозволи да се врати на тимските тренинзи.

Сепак, Холанѓанецот веќе најавил на раководството на клубот дека е подготвен да го пушти Португалецот да замине уште во јануари. Тоа би можел да го искористи Челси и да го доведе на „Стемфорд бриџ“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови