Connect with us

Тен Хаг потпишува нов договор со Манчестер Јунајтед, доаѓа и Ван Нистелрој за прв асистент

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, е многу блиску до потпишување нов договор со клубот, што се очекува да се случи во следните денови, информираат медиумите на Островот. Се очекува договорот да биде за дополнителни две години, кои ќе бидат додадени на преостанатата една година, која е до крајот на претстојната сезона.


Долго време се шпекулираше за иднината на менаџерот, но новите сопственици од „Инеос“ на крајот решија да му дадат целосна доверба на Холанѓанецот.

Се очекуваат сериозни промени во стручниот штаб на Тен Хаг на „Олд Трафорд”. Најверојатно, досегашниот прв помошник Мичел ван дер Гаг ќе ја напушти својата позиција, а другиот асистент, Стив Мекларен, ќе има други задачи.

Речиси со сигурност како помошници на Тен Хаг кај „црвените ѓаволи” ќе пристигнат Руд ван Нистелрој и Рене Хаке.

Ван Нистелрој е добро запознаен со ситуацијата кај 20-кратните шампиони, каде помина четири години и има постигнато 150 гола во 219 натпревари. Рене Хаке, пак, е поранешен помошник на Тен Хаг од нивниот заеднички престој во Твенте, а во моментов е главен тренер на Го Ахед Иглс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови