Connect with us

Тен Хаг го сака Рубен Невеш на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го купи играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невеш, пренесуваат медиумите на Островот.


Новиот менаџер Ерик тен Хаг процени дека на „црвените ѓаволи“ итно им требаат засилувања во средниот ред, каде си заминуваат Пол Погба и Немања Матиќ. Цел број еден досега беше Френки де Јонг, но извори од Холандија велат дека тој ја одбил понудата на својот поранешен тренер бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите.

Токму поради оваа причина клубот од „Олд Трафорд“ се сврте кон Рубен Невеш, кој има договор до летото 2024 година.

Трансферот на Рубен Невеш би изнесувал околу 50 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови