
Манчестер Јунајтед тргнува во офанзива на стартот од летниот преоден рок. Се споменуваат многу имиња како потенцијални засилувања на „црвените ѓаволи“, а еден од нив е и фудбалерот на Ајакс, Бразилецот Ентони.
Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг до вчера го тренираше 22-годишниот офанзивец во Амстердам, а сега сака да го земе со себе на „Олд Трафорд“. Сепак, тоа нема да биде лесно.
Според медиумите на Островот, Манчестер Јунајтед ја испратил првата официјална понуда за крилниот напаѓач вредна 45 милиони евра до Ајакс. Сепак, речиси е сигурно дека раководството на холандскиот шампион ќе ја одбие.
Раководството на Ајакс има силна стартна позиција за водење на преговори со оглед дека Ентони има уште три години од актуелниот договор.
Сезонава тој одигра 33 натпревари во холандската Ередивизие, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
