Connect with us

Тен Хаг ги казни фудбалерите: Ако не трчате на натпревар, ќе трчате на тренинг…

По срамниот пораз од Брентфорд (4-0) во Лондон, менаџерот Ерик Тен Хаг им го откажа планираниот слободен ден на фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Наместо тоа, тие имаа напорно трчање од 13,8 километри, а тоа е еден вид казна бидејќи Брентфорд ги надигра во саботата попладне и го наттрча токму за споменатите километри.


Медиумите информираат дека играчите на Островот не се пожалиле иако на Островот е многу топло (за условите таму над 30 степени), но она што и понатаму го загрижува раководството на „црвените ѓаволи“ е ситуацијата во соблекувалната и незадоволството на Роналдо, кому сега му се закануваат со отказ.

Роналдо имаше конфронтација по натпреварот со помошникот на Тен Хаг, поранешниот селектор на Англија, Срив Мекларен, што дополнително ја влоши ситуацијата.

На холандскиот менаџер не му е лесно, тој бара засилувања, а веќе влезе во историјата, станувајќи првиот тренер на „ѓаволите“ по повеќе од 100 години кој загубил два првенствени натпревари на стартот.

Јунајтед е последен на табелата, по поразот од Брајтон на премиерата и споменатиот дебакл во Лондон, а наредната недела следи мечот со Ливерпул во кој ако играат на ист начин, однапред се осудени на ново понижување.

Тен Хаг повтори дека му требаат засилувања, од кои веројатно едно е Адриен Рабио, бидејќи Френки де Јонг сака да замине во Челси, а што се однесува до напаѓачите, по Калајџиќ до израз дојде заборавениот Мауро Икарди, иако се споменува и Мората.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови