Connect with us

Тен Хаг е подготвен за авантура на „Олд Трафорд“

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е подготвен за нов предизвик во кариерата, а тоа значи да прифати понуда од голем европски клуб. 51-годишниот стратег и понатаму е еден од најсериозните кандидати за нов менаџер на Манчестер Јунајтед по завршувањето на оваа сезона.


Дотогаш на клупата треба да биде привремениот менаџер Ралф Рангник. Холанѓанецот е подготвен да прифати понуда од „Олд Трафорд“.

„Мислам дека сум подготвен да заминам во клуб во странство. Би се израдувал на нов предизвик, но не и по секоја цена. Тоа сепак треба да биде голем предизвик“, изјави Тен Хаг.

Тој го предводи Ајакс од декември 2017 година, а досега со клубот освои две титули во Холандија и два купа. На кормилото на гигантот од Амстердам има 139 победи од 188 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови