
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека неговиот тим направил неприфатливи грешки на дербито против Арсенал и дека мора да научи од најновиот пораз (3-2) во Премиер – лигата.
„Тешко е да се прифати кога губите во последните моменти од натпреварот. Направивме грешки со сите три гола. Обично сме подобри во тие ситуации, тоа не треба да се случи”, изјави Тен Хаг.
Јунајтед загуби во Лондон од Арсенал, а Еди Нкетија го постигна победничкиот гол во 90. минута.
Тој беше запрашан дали тимот беше под преголем притисок за третиот гол.
„Го започнавме натпреварот многу добро, постигнавме гол и водевме, а потоа направивме толку многу грешки кои се неприфатливи. Мора да извлечеме поука и да продолжиме понатаму. Првите два гола почнаа од корнер и направивме премногу грешки од корнер до гол. Тоа не може да се случи. Тоа е лекција што треба да ја научиме. Добрите тимови не прават такви грешки“, рече Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Сава Радиќ

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано
