Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Доменико Тедеско, би можел наскоро да ја напушти својата позиција. Управниот одбор на белгиската фудбалска федерација ќе се состане во текот на утрешниот ден, за да го разгледа прашањето за евентуално разрешување на 39-годишниот стратег, поради влошените односи со играчите.
Тедеско ја презеде функцијата во февруари 2023 година. Под негово водство, Белгија одигра 24 натпревари, при што забележа 12 победи, шест ремија и шест порази. Меѓутоа, тимот загуби на последните три натпревари во Лигата на нациите против Франција (1-2), Италија (0-1) и Израел (0-1), што ги влоши резултатите и атмосферата во тимот.
Претходно, Тедеско работеше како тренер на Лајпциг, Спартак Москва, Шалке 04 и Ауе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













