Првиот човек на шпанската фудбалска лига, Хавиер Табас, објави дека Барселона во моментов не е во состојба да го врати најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.
На сите им е јасно дека желбата на Барселона и навивачите е Меси да се врати во својот клуб, но во овој момент тоа не е возможно.
„Во овој момент не може да биде пријавен, но има уште време“, изјави Тебас.
Сепак, претседателот на Ла Лига изјави дека верува оти каталонскиот клуб ќе го врати Аргентинецот во тимот.
„Нема да ги менуваме правилата за финансиска контрола одобрени од клубовите, за да може Барса да го регистрира Меси, дури и ако нашата желба е тој да се врати во нашиот шампионат“, изјави Тебас.
Договорот на најдобриот фудбалер на сите времиња со ПСЖ истекува во јуни, а досега за „светците“ има постигнато 31 гол на 69 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













