Работнички доведе уште едно засилување во летниот преоден рок. По Бојан Илиевски и Анес Османоски, третото ново име во составот за следната сезона е Дејан Тантуровски. Офанзивецот кој минатата сезона настапуваше за Силекс ја прифати понудата на „романтичарите“.
„Тантуровски е квалитетен прволигашки играч со драгоцено искуство и мислам дека сериозно ќе го подигне квалитетот на нашиот тим. Се обидуваме да го засилиме ростерот во сите линии на тимот и сигурно во Работнички ќе има уште неколку засилувања во овој летен преоден рок“, изјави спортскиот директор Горан Станковски за официјалниот сајт на клубот.
Утре од 18 часот, тренерот Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите и ќе биде означен стартот на летните подготовки на ФК Работнички.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski