
Македонија ЃП стигна до третото финале во Купот на Македонија во клупската историја, откако ја елиминира Беласица во полуфиналната пресметка. Со две минимални победи од 1-0, со цврста одбрана и без примен гол, тимот на Александар Таневски покажа дека местото му е меѓу двете најдобри екипи оваа сезона во најмасовното фудбалско натпреварување. Младиот стратег смета дека „лавовите“ според прикажаните игри и ривалите што ги елиминираа на патот до финалето, апсолутно заслужија да бидат дел од завршниот меч за куп-трофејот.
„Мислам дека заслужено сме дел од финалето. Победивме во двата меча против Беласица, која е навистина квалитетен состав. Беше неизвесно, но со максимално залагање фудбалерите успеаја да остварат целта. Ако се земе во предвид дека на патот кон финалето ги елиминиравме и Вардар и Работнички, тогаш сигурно сме заслужиле да бидеме дел од завршниот натпревар за пехарот“ – изјави Александар Таневски.
Македонија ЃП во финалето на Купот на Македонија ќе игра против тимот на Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
