
Пресметка на двата скопски тима кои минуваат низ тежок кризен период во шампионатот, денеска во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкупи и Работнички на Чаир ќе бараат решение за крај на негативната серија која ги мачи последните четири едноподруго натпревари во домашното првенство.
По одличниот старт на пролетта, Шкупи неочекувано нанижа четири порази по ред со кои веќе си ја загрози и амбицијата за европски излез следната сезона. Но, од тимот на Умут Каран сега најавуваат натпревар во кој силно ќе атакуваат на бодовите.
„Пролетниот дел го почнавме навистина добро, но сега имаме четири порази во серија. Овој натпревар со Работнички за нас сега е многу важен за да се вратиме на победничките патеки. Мотивот постои, имаме одличен тим со сериозни квалитети а нашите цели за оваа сезона и натаму остануваат исти. Верувам дека со добра игра ќе дојдеме до посакуваната победа“ – вели напаѓачот од Мали во редовите на Шкупи, Махарафа Тандина.
Но, силна желба за конечно победа во првенство постои и во таборот на Работнички каде не знаат за триумф пет едноподруго меча (три порази и две ремија). И за „романтичарите“ ова е конкретна шанса против директниот конкурент за европски излез повторно да се фати приклучок со најдобрите екипи во лигата.
ПМФЛ – 27. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
