Најтрофејниот македонски клуб Вардар веќе се „одомаќини“ во Сан Марино, каде што в четврток ќе го одигра реваншот од првото коло против екипата на Ла Фиорита. По убедливата победа од 3-0 на домашен терен, „црвено-црните“ се во одлична позиција пред вториот меч.
Сепак, и покрај предноста, голманот Давор Талевски истакнува дека тимот нема намера да се опушти и најавува целосна посветеност и во реваншот.
„Во натпреварот влегуваме како сè уште да е 0-0. Првата победа само дополнително нè мотивира да дадеме максимум и повторно да покажеме квалитет. Ова се европски натпревари, тука нема лесни ривали и мораме да бидеме внимателни. Сега сме тука, во Сан Марино, и единствената наша мисла е Ла Фиорита. Ќе одиграме посветено и со целосен ангажман, за да го обезбедиме нашето место во следната фаза“, рече Талевски.
Натпреварот меѓу Ла Фиорита и Вардар ќе се одигра в четврток, со почеток во 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













