На отворањето на третото коло од Првата МФЛ, во вечерен термин во 20 часот Вардар ја пречекува Брера на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Вардар во првите две кола го покажа квалитетот, ги најави нескирените амбиции за највисок пласман со две победи, против Пелистер дома (4-1) и на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш (1-2).
Најтрофејниот наш клуб е фаворит во мечот против Брера, тим кој нема бод од воведните две кола, но голманот Давор Талески смета дека не треба да се потцени гостинот од Струмица.
„Не смееме да го потцениме тимот на Брера. Тоа не смее да се случи и покрај лошото отворање на сезоната од страна на Брера. Ние одиме од натпревар во натпревар. Добро одигравме во првите две кола, но тоа не смее да нѐ опушти. Мора максимално да се фокусираме, да влеземе многу сериозно во мечот и да бараме победа. Имаме добра низа на резултати и ќе се обидеме серијата да трае. Наша цел е титула и затоа секој меч ни е важен. На тој начин и се подготвуваме“, изјави пред вечерашниот дуел со Брера, голманот на Вардар, Давор Талески, за официјалниот сајт на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













