Connect with us

Талентот на Барселона заминува во Лајпциг

Мориба Курума, или познат како Илаиш Мориба, ја напушта Барселона, а негов нов клуб ќе биде Лајпциг. Германскиот бундеслигаш ќе плати 20 милиони евра за 18-годишниот играч од средниот ред.


Мориба, еден од најталентираните млади фудбалери во светот, заминува на медицински прегледи, а потоа и ќе го потпише договорот со Лајпциг.


Младиот фудбалер исто така одлучи да игра за сениорската репрезентација на Гвинеја иако досега ги мина младинските селекции на Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови