
Реал Сосиедад успеа да се врати на победнички патеки, минимално совладувајќи го Вилјареал со 1-0 на домашен терен во дерби дуел од 19. коло на Ла Лига.
Натпреварот не изобилуваше со возбудувања во првото полувреме, но на почетокот на вториот дел, домаќините успеаја да го пробијат отпорот на „жолтата подморница“.
Real Sociedad [1]-0 Villarreal – Kubo 51' #RealSociedadVillarreal #LALIGAEASPORTS #Kubo pic.twitter.com/9SPK0aflcz
— Goal & Ita (@FranchiniI47764) January 13, 2025
Такефуша Кубо, по додавањето на Ојарзабал, тргна во брз противнапад и ја затресе мрежата на противникот во 51. минута за водство на Реал Сосиедад.
Со оваа победа, Реал Сосиедад се искачи на седмото место со 28 бода, додека Вилјареал останува на петтата позиција со 30 бода, по половина од сезоната во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal