Познатиот фудбалски тренер Свен Горан Ериксон почина денес на 76-годишна возраст по долго и тепко боледување.
Познатиот Швеѓанец боледуваше од рак и долго време се бореше со последните атоми на сила. За жал, не можеше повеќе да ја издржи борбата.
Веста за неговата смрт беше објавена од страна на неговото семејство преку соопштение.
„Свен Горан Ериксон почина по долга болест, тој почина дома, опкружен со своето семејство. Од Свен се простија неговите најблиски. Семејството бара почитување на нивната желба да жалат во приватност и да не бидат контактирани“, соопштија од семејството.
Свен Горан Ериксон беше познато име во светот на фудбалот, особено затоа што водеше голем број клубови и репрезентации.
Тој работеше во Дегерфорш и Гетеборг во својата татковина, пред да ја продолжи кариерата во Европа. Беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер, Гвангжу, Шангај и Шенжен, а исто така работеше и како селектор на репрезентациите на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипините.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













