Легендата на германскиот и на светскиот фудбал Франц Бекенбауер почина на 78-годишна возраст, објави агенцијата ДПА. Веста ја потврди и неговото семејство.
Неодамна, здравствената состојба на Кајзер Франц сериозно се влоши. Во последните денови од 2023 година, неговиот брат Валтер ја загрижи цела Германија велејќи:
Bayern and Germany legend Franz Beckenbauer has passed away at the age of 78, his family has confirmed to @dpa
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 8, 2024
RIP, Kaiser 🕊️ pic.twitter.com/Zic2h4I43D
„Ако кажам дека е добро, ќе лажам, а не сакам да лажам. Не му оди. Неговата состојба варира – сега се подобрува, сега се влошува’.
Франц Бекенбауер во последните години се криеше од медиумскиот простор. Во своето последно појавување во јавноста сподели дека тешко гледа на едното око, а мораше да се грижи и за своето срце.
Голем дел од фудбалската кариера на Кајзер помина во Баерн Минхен. Беше дел и од Њујорк Космос и Хамбургер.
На клупски план со Баерн освои дури 13 трофеи, вклучувајќи четири шампионски титули на Германија и три Купа на шампиони. Како тренер го предводеше Баерн до титулата германски шампион во 1994 година и Купот на УЕФА во 1996 година.
Бекенбауер, со прекар Дер Кајзер или Цар, е еден од само тројцата играчи во историјата, заедно со бразилскиот Марио Загало, кој почина пред два дена, и Французинот Дидие Дешамп, што го освоиле Мундијалот како фудбалери и селектори.
За репрезентацијата на Германија има 103 натпревари и 14 голови.
Како тренер беше на чело на Баерн Минхен и на Олимпик Марсеј.
Еднаш стана светски шампион како фудбалер (1974) и како селектор (1990).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal