
Суперкомпјутерот на „Grosvenor Sport“ направи предвидувања за тоа како ќе се развива новата сезона во Лигата на шампионите. Оваа година турнирот го промени својот формат, така што наместо да бидат поделени во групи, тимовите ќе играат во една заедничка лига со осум натпревари, по што ќе продолжат со елиминации.
Суперкомпјутерот прво изврши пресметки за првата фаза, каде предвидува дека Реал Мадрид ќе заврши како победник со осум победи од осум натпревари. Покрај нив, во топ 8, кои ќе се квалификуваат директно во осминафиналето, ќе бидат и тимовите на Интер, Баерн Минхен, Барселона, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Астон Вила и Аталанта.
Во втората група, од 9 до 24 место, кои ќе играат дополнителен плејоф за влез во осминафиналето, ќе се најдат тимовите на Монако, Арсенал, Борусија Дортмунд, ПСВ Ајндховен, Милан, Феенорд, Баер Леверкузен, Штутгарт, Џирона, Ливерпул, Јувентус, Селтик, Спарта Прага, Бенфика, Лајпциг и Пари Сен Жермен.
Понатаму, суперкомпјутерот направи предвидувања и за елиминациската фаза и кој тим ќе биде новиот шампион. Според предвидувањата, во финалето ќе се сретнат тимовите на Реал Мадрид и на Манчестер Сити, при што прогнозира дека „граѓаните” ќе ја освојат титулата по вторпат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal