
Младата репрезентација на Македонија убедливо ги почна квалификациите за пласман на ЕП 2021 со висок триумф од 7-1 (3-1) против селекцијата на Фарските острови.
На натпреварот кој се одигра на тренинг центарот на ФФМ, гостите први дојдоа до предност со голот на Андреасен од пенал во 19. минута. Но, потоа се во знакот на момците во црвени дресови.
Најпрво Митровски во 25. минута израмни на 1-1… Па, Чурлинов со прекрасен гол носи предност од 2-1 во 32. минута… И, Митровски во третата минута од судиското продолжение со уште еден свој гол заокружува на 3-1 по првите 45 минути.
Во второто полувреме повторно доминантна игра на избраниците на Благоја Милевски, кој поради исклучување од претходниот У-21 квалификациски циклус од трибините го следеше дуелот. Па тоталната иницијатива донесе погодок со глава на Даци во 59. минута, по прекрасниот центаршут од левата страна на Тодоровски.
Само три минути подоцна Митровски нафрли од слободен удар, а Есмин Личина најснаодлив во гостинскиот шеснаесетник од непосредна близина носи веќе 5-1 за Македонија.
Најдобриот поединец во македонската селекција, Димитар Митровски мечот го заокружи со хет-трик во 85. минута за 6-1, за да извонредната партија на надежите ја заокружи Чурлинов во 88. минута со конечни 7-1.
Во првиот денешен натпревар од нашата група Израел славеше на гостувањето против Казахстан со 1-2.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 – ГРУПА 6
МАКЕДОНИЈА – Ф. ОСТРОВИ 7-1 (3-1)
Стадион на тренинг центар на ФФМ. Гледачи: 300. Стрелци: Митровски 25′, 45’+3, 85′, Чурлинов 32′, 88′, Даци 59′, Личина 62′ (М) – Андреасен 19′(п) (Ф.О)
МАКЕДОНИЈА: Јанков, Антовски (46′ Јованов), Тодоровски, Руфати, Личина, Ристовски, Атанасов, Даци, Здравковски, Чурлинов, Митровски
Селектор: Благоја Милевски (натпреварот го водеше Роберт Стојановски)
Ф. ОСТРОВИ: Захариасен, Олсен, Никласен, Петерсен, Андреасен, Микласен, Гесинг, Самуелсен, П. Петерсен, Агнарсон, Јохансен
Селектор: Ели Хајнце
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
