
Шкупи доби добро познато засилување. Сухељ Мухарем се враќа во клубот од Чаир каде што ги направи првите фудбалски чекори. Поранешниот талент на чаирчани повторно ќе го носи дресот на Шкупи, со цел да помогне во еден чувствителен период за клубот.
26-годишниот напаѓач, кој својата кариера ја започна токму во редовите на Шкупи, последно настапуваше во Фероникели од Косово, а претходно имаше и интернационална епизода во Скендербег (Албанија).
Во македонската Прва лига, освен за Шкупи, Мухарем настапуваше и за Работнички, Струга Трим Љум и за Ренова, стекнувајќи драгоцено искуство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal