
Војната меѓу УЕФА и Европската Суперлига влезе во нова фаза по уште една судска одлука. Судот во Мадрид ја укина забраната изречена минатото лето за санкционирање на клубовите вклучени во проектот. Тоа сега значи дека европската централа може да ги казни Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои се единствените кои се уште се обидуваат да ја започнат Суперлигата.
Во пролетта 2021 година, 12 клуба се обидоа да се отцепат во свое натпреварување. Девет од тимовите, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Интер и Милан брзо се повлекоа, но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус продолжуваат да ги држат своите позиции.
Следеше одлука на европската централа да не ги казни деветте клубови што се повлекоа, а за останатите три се рзмислуваше за подрастични санкции, се разговараше дури и за исфрлање од европските турнири. Сепак, во јули 2021 година, Судот во Мадрид одлучи дека УЕФА ќе ги прекине сите дисциплински постапки, ќе се воздржи од наметнување санкции за дотичните клубови и ќе ги поништи досегашните одлуки.
Сега, сепак, предметната забрана е укината и интересно е да се види што ќе одлучат од Нион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
