Спортскиот суд во Лозана (ЦАС) ја донесе конечната пресуда за случајот со репрезентацијата на Еквадор, која Чилеанците ја обвинија за мамење во квалификациите за Светското првенство. Еквадор го вклучи Бајрон Кастиљо во составот, за кој беше откриено дека е роден во Колумбија, а Чилеанците бараа Еквадор да биде исфрлен од Светското првенство.
ФИФА пресуди во корист на Еквадор, но Чиле го однесе случајот до ЦАС, кој денеска ја донесе конечната пресуда.
ЦАС откри дека Еквадор навистина мамел во квалификациите, но дека може да игра на Светското првенство во Катар оваа година. Еквадор е казнет со 100.000 швајцарски франци и одземени три бода во следните квалификации за Светското првенство.
Кастиљо е роден во 1995 година, но неговите колумбиски документи велат дека е роден во 1998 година. Во едно интервју, фудбалерот раскажа како пристигнал во Еквадор од родната Колумбија и добил еквадорско државјанство. Објавена е и снимка од тој разговор, а подоцна е утврдено дека Кастиљо илегално влегол во Еквадор.
ЦАС се согласи дека Еквадор мамел, но на крајот сепак му дозволи на Еквадор да игра на Светското првенство, каде што ќе биде во група со домаќинот Катар, Холандија и со Сенегал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













