Судиската комисија на ФФМ даде одговор на Струга ТЛ околу замерките за регуларноста на првиот гол на Брегалница на мечот од последното коло во Првата лига.
Во соопштението од Судиската комисија на ФФМ се вели:
„Судискиoт Одбoр при ФФМ, веќе пoдолго време превзема иницијатива после секое коло од Прва и Втора лига да излезе со комплетна стручна анализа на спорните моменти за кои фудбалската јавност има прашања и да ги објасни на стручен начин водејќи се исклучиво по УЕФА и ФИФА критериуми на судење. Се анализираат сите можни судиски ситуации. Во анализата која излегува во јавност, водена исклучиво по УЕФА критериум после секое одиграно коло, влегуваат само спорните ситуации кои би биле на штета на натпреварот, а тоа се:
-Постигнат погодок (гол) или непостигнат погодок (гол)
-Очигледна шанса за гол или Ветувачка акција
-Директен црвен картон или жолт картон
-Прекршок за казнен удар (позиција на рака, интезитет…)
-Офсајд или Онсајд
Останатите анализирани судиски одлуки односно ситуации (критериуми при доделување на жолт картон, движење, поставување, авторитет и.т.н. се комплетираат во видео материјали (клипови) и на сите следни судиски едукативни семинари кои Судиска организација ги оддржува со сите фудбалски судии од Македонија ги изедначуваме критериумот ИСКЛУЧИВО во согласност со УЕФА и ФИФА критериумите. Судискиот Одбор при ФФМ, со својата стручност и искуство во судењето, во целост стои позади секоја излезена судиска анализа вш јавнпста, при тпа носена секпгаш по УЕФА и ФИФА критериум и секогаш во корист на фудбалската јавност, да бидеме транспарентни и праведни во секој поглед.
Се анализираат сите мечеви од Прва и Втора лига со присуство на:
-Контролор на мечот, кој по завршеток на натпреварот го има целиот меч во видео фајл и го анализира целиот меч во присуство на целата судиска екипа.
-Ментор. Во целост Судиската прганизација ја исполнува обврската потпишана со УЕФА за менторирање на Талент судии. И Менторот по завршеток на натпреварот го има целиот меч во видео фајл и го анализира целиот меч.
-Видео (стрим) контрола. Сите мечеви кои се стримувани на ФФМ-ТВ каналот, односно во живо пренесувани на некои од македонските односно спортски ТВ и Јутјуб канали, се контролирани од контролор и сите забелешки се координираат со контролорот односно менторот на дадениот меч. Мислиме дека ваков начин на работа, мониторирање на еден меч со двајца односно во многу случаи и тројца контролори, многу придонесува, прво за унапредување на судењето, транспарентноста и пред се чист фудбал.
За крај, еве и еден пример за анализирана онсајд ситуација на мечот од 13 коло во ПМФЛ меѓу Струга ТЛ – Брегалница, анализирана пд елоквентни и стручни членови на Судискиот одбор. Притоа е земен точниот момент на додавање, точно повлечена линија паралелна со гол линија, каде може да се установи дека напаѓачот кој го опстигнува голот за ФК Брегалница во 24 минута е дури и позади линијата со топката во момент на додавање и голот е регуларен. Исправна одлука на првиот помошен судија.
Судискиот Одбор при ФФМ, ќе продолжи да работи исклучиво по УЕФА и ФИФА критериуми од најстручни лица, за унапредување и едукација на фудбалската јавност, чесно и транспарентно и нема да потпаѓа на никакви притисоци се со цел секогаш да се заштити фудбалската игра и секогаш да победи фудбалот“, се вели во соопштението.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski