Connect with us

Судиска анализа на ФФМ: Ставрев „подари“ пенал за Воска, ама и за Македонија ЃП

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 10. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Вардар – ФК Шкендија одигран на 08.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 16. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Драган Трпчевски.

  1. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топката во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домашната екипа сакајќи да го помине гостинскиот играч (кој стоеше статично и не направи никакво движење со телото и нозете) направи неспортски потег (симулација) за да изнуди пенал, односно падна без да има контакт.

Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домашната екипа поради неспортски потег (симулирање) за изудување пенал.

Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Работнички одигран на 07.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 90+4 минута.

Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Петар Новачев и Андреј Ќамилов .

90+4 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:1)

По центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите ја шутна топката кон голот на домаќините, голманот кратко ја одби топката која дојде до истиот играч на гостите и пред да ја удри со глава, играч на домашната екипа прв стигна до топката и ја изби.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи пред играчот на гостите да ја удри топката со глава, играчот на домаќините прв стигна до топката и ја изби на коректен начин.

Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одлична одлука.

На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Шкупи одигран на 07.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 1. и 46. минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакречески и Мартин Дејаноски.

  1. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа екипа, при резултат 0:0)

Играч на остинската екипа беше во налет и посед на топката во 16-сетникот на домашната екипа, кога сакаше да помине играч на домашната екипа, играчот на домаќините се загради за да ја освои топката и дојде до минимален контакт (со телото ) со играчот на гостите, по кој контакт играчот падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на одбранбениот играч со играчот на гостите (градење со тело) беше минимален и недоволен за пенал.

  1. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа , гостинскиот играч кој се наоѓаше странично до него минимално и без интензитет со рака го турна играчот на домаќините, по што играчот го искористи тој контакт и падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот на гостинскиот играч над играчот на домакините беше минимален, без интензитет и недоволен за да се досуди пенал.

На натпреварот ФК Струга Трим Лум – ФК Силекс одигран на 08.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 73. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Христијан Џонов и Мартин Петковски.

  1. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 2:0 за домашната екипа)

Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа и пред да ја шутне топката кон голот, играч од екипата на гостите ја удри топката и минимално и ногата на противникот, по што играчот на домаќините падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот на гостите ја удри топката и минимално и ногата на противникот, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди пенал.

Главниот судија беше добро поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

На натпреварот ФК Воска – ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 07.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 71. и 76. минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

  1. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И НЕДОБРА И НЕКОМПЛЕТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Играч на домаќините прими топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, во моментот кога ја прими топката играчот на домашната екипа малку се лизна со едната нога, а со другата нога минимално го нагази противничкиот играч кој беше до него и падна.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостинската екипа не направи никаков прекршок над противничкиот играч, во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи.

Исто така, во оваа ситуација мора да има подобра и појасна комуникација помеѓу главниот судија и вториот помошен судија.

  1. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:1 за домашната екипа).

Играч на екипата на гостите беше во налет и посед на топката во шеснаесетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа направи минимален контакт над играчот на гостите, при што во пад ја шутна топката кон голот на домаќините.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал, требаше да доволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал.

На натпреварот ФК Брера А.П. – ФК Гостивар, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 8. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 8. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Башкими – ФК Кожуф одигран на 08.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 49 и 72 минута.

Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Марио Мојсоски и Јован Анѓелковски.

  1. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ПО ДАДЕНА ИНФОРМАЦИЈА И СОРАБОТКА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон за гостински играч, при резултат 0:0)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови