Connect with us

Судијата Дејвид Кут ќе го исфрлат од Премиер – лигата?

Премиер – лигата на Англија се подготвува да донесе тешка одлука за иднината на судијата Дејвид Кут. Според најновите шпекулации на Островот, елитниот судија би можел да биде трајно исфрлен од англиското првенство.

Причината за ова не се толку коментарите на Кут за поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и самиот клуб, туку објавените фотографии кои се појавија неколку дена подоцна од ЕВРО 2024. На сликите се гледа како судијата употребува „бел прав“.

Во моментов, Кут е суспендиран и не добива делегирања за натпревари од Премиер – лигата додека трае истрагата против него. Експертите сметаат дека ова би можело да биде неговиот последен натпревар во англиското првенство.


Одлуката за иднината на Дејвид Кут се очекува да биде донесена во наредните неколку недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови