
Луис Суарез постигна победнички гол за Атлетико Мадрид (2-1) против Осасуна во 88.минута, на асистенција на Јаник Караско и ја сочува предноста од два бода во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига. Сега тимот на Диего Симеоне влегува во последното коло со позиција сам да решава за освојување на шампионската круна. Атлетико Мадрид во последното коло му гостува на Валјадолид, а Реал Мадрид на домашен терен игра против Вилјареал.
Осасуна поведе преку Будимир во 76.минута, но Атлетико Мадрид реагираше одлично и успеа да победи. Израмни Ренан Лоди во 83.минута, а пет минути подоцна Суарез донесе триумф.
Реал Мадрид со 0-1 го совлада Атлетик Билбао на гости со голот на Начо во 68.минута.
Барселона загуби на „Камп Ноу“ од Селта со 1-2. Лео Меси донесе водство во 28.минута, но израмни Санти Мина десет минути подоцна. Ленгле во 83.минута беше исклучен, а Санти Мина тоа го искористи за победнички гол во 89.минута.
Хетафе го победи Леванте со 2-1, а Енис Барди остана на клупата за резерви.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal