
Струга Трим Лум е непоразена во досегашните шест кола од шампионатот во Прва МФЛ и планира така да остане и по дербито против Силекс во Кратово. И не само тоа, напаѓачот Марјан Радески најавува дека стружани ќе се обидат да стигнат до трите бода, иако тоа не е лесно поради згуснатиот распоред во овој период.
Со четири погодоци и една асистенција по првите шест кола, Радески е во одлична форма и верува дека тимот има квалитет да ја продолжи позитивната серија.
„Во вакви моменти се гледа карактерот на екипата. Ако играме со висок интензитет, концентрација и притисок од самиот старт, сигурен сум дека ќе останеме непоразени. Ако бидеме компактни, брзо ја пренесуваме топката и бидеме агресивни во дуелите, можеме да ја контролираме играта. Токму тоа е она што од нас го бара шефот на стручниот штаб Бледи Шкемби. Верувам дека можеме од Кратово да си заминеме со посакуваниот резултат“, вели Радески.
Силекс по петте последовни победи во минатото коло загуби на гостувањето против Башкими во Куманово. Мечот меѓу Силекс и Струга Трим Лум ќе се одигра од 15:30 часот, на стадионот во Кратово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито
