Струга Трим Лум на домашен терен игра одлично, а денеска крај езерото гостува новиот прволигаш Скопје. Шефот Срѓан Захариевски слави роденден, а стружани се решени да му подарат триумф.
Играчот за врска Бесмир Бојку вели дека сепак нема да биде лесно да се оствари триумф против Скопје.
„Ќе биде тежок натпревар. Скопје организирана и агресивна екипа. Нема воопшто да биде лесно, но, сепак, ние сме подготвени за овој предизвик. Јасно е дека Струга Трим Лум уште еднаш ќе одигра мотивирано со верба дека бодовите ќе останат во Струга“, изјави Бесмир Бојку.
Тиквеш ја бара првата прволигашка победа против Ренова во Кавадарци, а Борец на домашен терен го пречекува Пелистер.
Во Струмица, Академија Пандев ќе игра против Македонија ЃП, а на арената во Скопје ќе има интересна пресметка меѓу Работнички и Брегалница.
Дербито на 6. коло во Првата фудбалска лига е одложено за во вторник. Шкендија и Шкупи се согласија да играат два дена подоцна поради големата трагедија што се случи во Тетово кога при пожарот во модуларната болница изгореа 14 луѓе.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО (денеска, 16 ч)
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА
Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР
Струга: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (вторник, 15 ч)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal