Шампионот Струга Трим Лум го пречека лидерот на табелата и успеа да го прекине победничкиот чекор на гостите. Тоа е прв триумф (3-0) за Илчо Ѓорѓиоски како тренер на тимот, и тоа против лидерот на табелата. Сава Радиќ во 51.минута го отвори резултатот, а Марјан Радески зголеми на 2-0 во 63.минута. Пет минути подоцна уште еден гол постигна Сава Радиќ за убедлив триумф.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигра скопското дерби меѓу Работнички и Вардар, а на крајот славеа вардарци со 0-2. Едиз Спахиу беше стрелец на голот во 36.минута, по големата грешка на одбраната на Работнички, недоразбирањето меѓу Егзон Белица и голманот Игор Алексовски.
Само неколку моменти претходно беше досуден пенал за Вардар, а Азер Омерагиќ шутираше високо над голот.

Во судиското продолжение Роџерс Мато го потврди триумфот на Вардар од 0-2.
Силекс имаше незгодно гостување кај Беса, но со песна си замина од Гостивар славејќи со 0-5. Ади Алиќ во третата минута обезбеди водство, до крајот на првиот дел стрелаа и Марко Ѓорѓиевски и Алдин Хрвановиќ, во второто полувреме и Осман Маронг и Илија Донов.
Гостивар гостуваше кај Брера во Струмица и победи со 0-1 со гол во финишот од дуелот. Ли Ервин беше стрелец на победничкиот гол во 89.минута од мечот. Тој погоди од слободен удар од 25 метри.
Во Битола имаше директна пресметка за опстанок меѓу Пелистер и Воска Спорт. Славеа битолчани со 1-0, со голот на Филип Бошковски во 65.минута.
Тиквеш го пречека тимот на Шкупи и славеше со 1-0.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
Работнички – Вардар 0-2
Струга ТЛ – Шкендија 3-0
Брера – Гостивар 0-1
Беса – Силекс 0-5
Пелистер – Воска Спорт 1-0
Тиквеш – Шкупи 1-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













