
Македонскиот првак Струга Трим Лум вечерва (21 часот) во Подгорица го игра реванш мечот против Будуќност во втората рунда од Конференциската лига на УЕФА. Стружани имаат еден гол позитива (1-0) од првиот меч во Охрид, но тренерот Шпетим Дуро вели дека тимот нема да биде фокусиран на одбрана на минималната предност.
„Победивме на првиот натпревар во Охрид и можеби пропуштивме да создадеме и поголем капитал за реваншот. Но, сега нѐ очекува еден сосема поинаков дуел. Во секој случај, очекувам добар настап на Струга ТЛ и вечерва во Подгорица, како што беше тоа на минатите три средби ова лето во Европа. Имаме позитива, но нема да ја браниме, ќе треба да одиграме квалитетно, а не да мислиме на позитивата од 1-0“, вели тренерот Шпетим Дуро.
Струга Трим Лум пред седум дена ја оствари историската прва победа во Европа, а сега се надева и дека ќе успее да го елиминира Будуќност и да го продолжи патот во квалификациите на Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal