
Шампионот Струга Трим Лум сѐ уште е „жив“ во Европа, оствари историски победи во Конференциската лига каде го очекува двомеч со Есперанж (Луксембург), но сега тоа за момент е во втор план кај тренерот Шпетим Дуро и кај фудбалерите, затоа што денеска (17 часот) на домашен терен ја почнуваат одбраната на титулата. Прв предизвикувач е новиот прволигаш Гостивар, кој сериозно го засили тимот за новата сезона.

„Струга ТЛ е шампион и сега секој ривал ќе сака да нѐ победи, сите ќе имаат максимален мотив против нас. Но, тимот е подготвен“, вели Шпетим Дуро.
Гостивар има сериозен состав, го купија Алпер Потук, поранешен турски репрезентативец кој долги години беше член на Фенербахче, на голот ќе биде Васко Василев, во нападот дојде и Ремзифаик Селмани.
Ќе биде тоа сериозен тест за Струга ТЛ уште на стартот од шампионатот.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 1. КОЛО (17 часот)
ВОСКА – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
