Струга Трим Лум продолжува со победи. Стружани и во седмиот меч славеа победа, откако на домашен терен го совладаа Скопје со 3-0. Христијан Малески донесе предност, а потоа беше полесно. Бесарт Ибраими и Буњамин Шабани беа стрелци на вториот и третиот гол за стружани.
Шкупи им се врати на победите. По враќањето на Гоце Седлоски на клупата, Работнички е декласиран со 5-0. Гаги Маргевашвили во петтата минута донесе предност по прекин на игра, откако не беше сигнализирана офсајд позиција, а во деветтата гостите останаа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фати Исмаили. Реналдо Цефас во 28.минута зголеми на 2-0, а пред крајот на првиот дел Шкупи постигна уште два гола, преку Пепи Ѓорѓиев и Куевен. Во второто полувреме и Фреди Алварез постигна погодок за конечни 5-0.
Тиквеш го победи Академија Пандев со 2-1. Нгоба го отвори резултатот, а Ивановски зголеми на 2-0. „Пандевци“ намалија преку Митровски од пенал во 37.минута. Александар Васоски со пораз се враќа на кормилото на Академија Пандев.
Победа стигна до првата победа откако во Прилеп го совлада составот на Брегалница со 1-0. Бојан Спиркоски беше стрелец на погодокот во 69.минута.
ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ 3-0
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 5-0
ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 1-0
ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













