Левиот бек Гледи Мици и официјално е нов фудбалер на Струга Трим Лум. Поранешниот член на Шкендија се враќа во Првата македонска фудбалска лига, но овојпат во клубот од Струга, кој ќе се обиде во следната сезона повторно да се искачи на врвот и да ја врати шампионската титула.
Тоа, секако, нема да биде лесна задача, со оглед на засилената конкуренција, но со ангажман на искусни фудбалери како Мици, амбициите на Струга ТЛ добиваат дополнителна тежина.
Албанскиот интернационалец, кој во моментов има 34 години и поседува и американски пасош, доаѓа од редовите на Тирана. Во својата кариера има настапувано и за Фљамуртари, Кукс, Камза, Аполонија, како и за косовскиот клуб Приштина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













