
Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум официјално ја прекина соработката со 34-годишниот играч за врска Стефан Спировски, и тоа пред истекот на договорот.
Како што информира клубот, денеска се одржал состанок меѓу спортскиот директор Бесарт Исаку и фудбалерот, на кој двете страни постигнале согласност за предвремен раскин на договорот.
Спировски имаше важечки договор за уште една сезона, но со меѓусебен договор соработката завршува ова лето.
Спировски се приклучи на Струга Трим Лум во јули минатата година, како засилување пред настапите во европските натпревари. Тој остави силен впечаток со прекрасниот гол против Пјуник, а постигна уште еден погодок во домашниот шампионат, каде што запиша и четири асистенции на вкупно 27 натпревари.
Во текот на минатата сезона Спировски мина 2071 минута на теренот во дресот на Струга ТЛ, а клубот му се заблагодари за придонесот и му посака многу успех во продолжението на кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
