
Струга Трим Лум е единствениот непоразен тим во досегашните шест кола од Првата фудбалска лига, а тимот на Срѓан Захариевски се надева дека ќе освои бодови и на денешното гостување во Тетово против Ренова. Многу работи ќе зависат и од изданието на напаѓачот Емир Скендери, кој со своите голови ги носи стружани на плеќи во изминатиот период. Тој се надева на успех.
„Мислам дека Струга Трим Лум има сила и квалитет за продолжување на позитивната серија на резултати. Против Ренова ќе играме за три бода, со цел да останеме во горниот дел на табелата“, вели Скендери.
Лидерот Академија Пандев оди на гости кај последнопласираниот Пелистер. Но, не е лесно да се победи под „Тумбе кафе“, го знае тоа тренерот Александар Васоски.
Актуелниот шампион Шкендија гостува кај Скопје, а Шкупи по една година се враќа дома на Чаир. Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека Работнички, додека Брегалница ќе биде домаќин на Тиквеш.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО (15 ЧАСОТ)
Чаир: ШКУПИ – БОРЕЦ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Автокоманда: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
