Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум одигра 1-1 против албанскиот тим Партизани Тирана во првиот подготвителен натпревар во пресрет на настапот на меѓународна сцена. Стружани со освојувањето на третото место минатата сезона добија шанса за дебитантски настап во Европа, а во првото коло од квалификацииите во Конференциската лига на УЕФА ќе се сретнат со Лиепаја од Летонија, на 8 и на 15 јули.
Партизани Тирана поведе со голот на Кардосо во 65.минута, а Струга ТЛ израмни преку Емир Скендери само три минути подоцна. За тимот на Партизани Тирана настапи и Ферхан Хасани.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













