Струга Трим Лум ја оствари третата победа во исто толку натпревари од шампионатот славејќи против Работнички со 2-0.
Стружани имаат максимални девет бода, а Работнички останува на само еден, и е без постигнат гол.
Струга ТЛ имаше неколку шанси во првото полувреме, а поведе во 45.минута од пенал, преку Басиру Компаоре. Истиот фудбалер и го заработи пеналот откако беше фаулиран од Велиќ.
Во вториот дел, Николовски постигна гол за Работнички, но не беше признат поради игра со рака во текот на акцијата, а Хоџа во 80.минута ја погоди стативата.
Во судиското продолжение Малески погоди за 2-0 и стави точка на триумфот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













