
Струга Трим Лум дојде во Тетово и зададе шампионски удар. Ја одбрани титулата во големото дерби против Шкендија, славејќи на гости со 0-2.

Бесарт Ибраими во 44.минута постигна фантастичен гол за водство на стружани, а на почетокот на вториот дел Марјан Радески погоди за 0-2 во 48.минута.
На Шкендија сега и останува да се бори за излез на европска сцена, а ќе има предност во последното коло пред Шкупи кој не успеа да слави против Брера на домашен терен. На Чаир мечот меѓу Шкупи и Брера заврши без голови.
Немаше голови и во Гостивар каде домаќинот го пречека Работнички, по што и двата тима обезбедија сигурен опстанок.
Немаше исто така голови и во Кавадарци, каде Тиквеш и Воска Спорт се загреваа за финалето на Купот и штедеа сили и криеја адути.

Силекс и Вардар одиграа 1-1, па „црвено-црните“ ќе играат бараж против Детонит Плачковица за опстанок. Филип Дурански во деветтата минута донесе водство за Вардар, но израмни Стефан Милосављевиќ во 84.минута.
Македонија ЃП славеше против Брегалница со 2-1. Кеит Ларсон и Самир Фазли донесоа предност од два гола за „лавовите“, а во финишот погоди Соломон Канформ за штипјани. Двете екипи се веќе испаднати од елитата и следната сезона ќе играат во второлигашка конкуренција.
ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 0-2
ШКУПИ – БРЕРА 0-0
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2-1
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski