Струга Трим Лум е нов шампион на Македонија. Поточно, ја одбрани титулата од лани, откако и оваа сезона прва мина низ целта во македонскиот шампионат.
Стружани ги има Буњамин Шабани, Бесарт Ибраими, Марјан Радески, како носители на играта, го имаа и Ведран Ќосевски на голот, Сава Радич, Бесарт Кривањева во одбраната. Не смее да се заборави и Бесмир Бојку, кој заработи сериозна повреда и ќе паузира долго, но даде голем придонес во освојувањето на пехарот.
Буњамин Шабани го крена шампионскиот трофеј кој втора сезона по ред ќе ги краси витрините на Струга Трим Лум. Тимот ќе ја претставува повторно Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













