
Лидерот Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува тимот на Победа во дуелот од 27.коло во Првата фудбалска лига кое е на програмата денеска од 16 часот. Избраниците на Шпетим Дуро размислуваат единствено за нови три бода со кои ќе ја задржат предноста на врвот на табелата.
Шкендија исто така е фаворит во Тетово каде пристигнува Тиквеш. Тимот на Ќатип Османи заостанува шест бода зад лидерот и нема право на „кикс“ доколку сака да се вмеша во битката за титулата.
Интересен дуел се очекува во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП е домаќин на Академија Пандев. Гостите се борат за опстанок, а „лавовите“ сакаат да се вратат на победнички колосек по поразот од Брегалница во Штип.
Работнички и Скопје својот дуел ќе го имаат во Велес, додека Силекс во Кратово ја пречекува Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО (Денеска 16 часот)
СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
