
Шампионот Струга Трим Лум го пречека Шкупи во дербито на колото и не го задржа ефектот на непобедливост на домашен терен. Стружани загубија дома со 0-3. Тамба уште на стартот донесе водство за Шкупи, а потоа и го одлучи победникот во 71.минута. Во финишот Шкупи постигна и трет гол, за хет-трик на Фабрис Тамба.
Шкендија лесно ја совлада Воска со 5-1 и ја задржува лидерската позиција на табелата. Сите работи беа јасни по првиот дел, кога Фитон Адеми, Бесарт Ибраими, Ване Крстевски и Мевлан Адили ја погодија мрежата на Воска. Јахја намали во 56.минута, а Бесарт Ибраими четири минути подоцна постигна уште еден гол.
Тиквеш и Вардар се сретнаа во Кавадарци. Разврската им припадна на гостите, иако имаше непосакуван крај. Закариќ постигна одличен гол, а Гачевски беше исто така одличен на голот на црвено-црните. Во финишот имаше и немили сцени, на Тиквеш му беше поништен гол поради офсајд ситуација, а незадоволните гледачи со тврди предмети го погодија помошниот судија. Александар Ставрев одлучи да го прекине натпреварот.

Гостивар успеа да го освои Кратово, славејќи против Силекс со 1-2. Огужан во 15. минута донесе водство за гостите, а Зука од слободен удар зголеми на 0-2 во 55.минута.
Работнички на Арената се сретна со Брера и одигра 1-1. Марјан Ристовски во првиот дел донесе водство за Брера, но на почетокот на вториот дел гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Абдул Руатубјаје. Егзон Белица во 74.минута го израмни резултатот на Арената.
Беса загуби од Пелистер со 2-3. Вилдан Керим во осмата минута донесе водство, а Мирко Ивановски постигна прекрасен гол за 0-2. Ремзифаик Селмани намали, но Пелистер постигна и трет гол за триумф.
ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-3
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА 1-1
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1-2
ТИКВЕШ – ВАРДАР 0-1 (прекинато)
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 5-1
БЕСА – ПЕЛИСТЕР 2-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
