Македонскиот првак Струга Трим Лум денеска (18.45 часот) на Исланд го игра реванш мечот во плејоф-колото за Конференциската лига. Брејдаблик по првиот меч има предност од 0-1, но стружани веруваат дека можат да го надоместат и да испишат нова клупска историја со пласман во групната фаза од ова натпреварување.
Натпреварот се игра во Копавогур, на стадионот „Копавогсволур“ кој има капацитет од 3.009 седишта и според најавите сите билети се распродадени.
„Знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар, но подготвени сме за предизвикот. Ќе атакуваме на победа, затоа што чувствуваме дека имаме квалитет да бидеме дел од групната фаза во Конференциската лига. Не заслуживме пораз на првиот меч во Охрид, но не ги искористивме своите шанси. Верувам дека на овој втор дуел ќе биде поинаку. Ќе ни недостигаат некои фудбалери, но знам дека сите што ќе добијат шанса ќе дадат и повеќе од максимум“, изјави тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро.
Евентуалниот пласман во групите од Конференциската лига би значел и огромна финансиска добивка за Струга ТЛ. Клупската каса би се наполнила за околу 3 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













