
Струга Трим Лум оствари победа од 1-3 против Силекс во претпоследниот натпревар од седмото коло во Првата фудбалска лига. Со овие три бода стружани се искачија на врвот на табелата, со ист број бодови како и Вардар.
Двата тима настапија со најсилни состави, а натпреварот започна енергично, со полушанси уште во првите пет минути. По слободниот удар на Мирчевски, Бутуровиќ највисоко скокна и ја погоди пречката, а веќе во следниот напад Фол од левата страна упати центаршут, Компаоре натрча на прва статива и погоди за 0-1. Тоа беше негов осми гол сезонава.
Силекс веднаш имаше нови проблеми во одбраната, Малевски доби голема шанса, но Бутуровиќ навремено реагираше. До 18. минута Хамза и Пиреш имаа свои обиди, но без реализација.
Најубавиот момент во натпреварот дојде во 34. минута, кога Меметриза Хамза мајсторски изведе слободен удар за водство од 0-2. Силекс сепак намали само неколку минути подоцна преку Хрвановиќ, кој стрелаше прецизно по асистенција на Мирчевски (1-2). Првото полувреме заврши со нова шанса за Компаоре, но Џеков го спречи.
Вториот дел донесе серија можности за Силекс – Пиреш и Бутуровиќ беа најблиску до израмнување, но гостите преживеаја. Струга одговори со контри преку Малевски, Компаоре и резервистот Воша, кој се најде во добра позиција но шутираше слабо. Во 56. минута Бојку ја погоди рамката од голот.
Со офанзивните измени на Силекс, домашниот тим тргна по израмнување. Мирчевски и Говедарица имаа шанси, но Анџелети со неколку одбрани ја одржа предноста на гостите. Во првата минута од судиското продолжение Шабан Зенку, кој штотуку влезе, постигна прекрасен погодок од работ на шеснаесетникот за конечни 1-3 и свој прв гол во елитата.
Струга Трим Лум успеа да се одбрани, навреме да нападне и со целосен плен се враќа од гостувањето во Кратово, зацврстувајќи ја својата позиција на врвот на табелата.
Брера Струмица ја запиша својата втора победа сезонава, откако на домашен терен го совлада Арсими со 2-1 во натпревар од седмото коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата на „Благој Истатов“ му припадна на домашниот тим, кој со пресврт ги освои трите бода.
Натпреварот започна мирно. Брера беше поактивна во воведните минути, а потоа Арсими ја презеде иницијативата и создаде неколку опасни ситуации, но недостасуваше завршен пас за реална закана. Првата сериозна шанса ја имаше Бесагиќ во 24. минута, кога биеше од тешка позиција малку над голот. Набргу потоа Шефит Шефити се најде сам пред голманот Вргов, но шутираше непрецизно. Брера возврати со одлична акција преку Ндзенгуе, кој сервираше топка на втората статива за Стојанов, но тој не успеа да ја упати во празната мрежа.
Арсими го отвори резултатот во 34. минута преку Армин Бесагиќ (0-1), кој осамен во шеснаесетникот прецизно пласираше во аголот. Сепак, домашниот тим успеа да израмни пред паузата – во 45. минута по изведен корнер Наумчески скокна највисоко и со глава погоди за 1-1.
На самиот старт од второто полувреме Брера направи пресврт. Миле Тодоров со индивидуална акција го совлада голманот Ислами и во 50. минута донесе водство од 2-1. Веднаш потоа Арсими можеше да израмни преку Таипи, но неговиот удар замина крај стативата. Брера пак имаше можности преку Ндзенгуе и Михаилов, но Ислами успеа да одбрани. Во самиот финиш Таипи сепак ја затресе мрежата на домашните, но по ВАР проверка погодокот беше поништен поради офсајд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона
