Македонскиот првак Струга Трим Лум е елиминиран од Жалгирис во првото квалификациско коло од Лигата на шампионит. По ремито без голови во Литванија, Струга ТЛ денеска на стадионот „Билјанини извори“ загуби со 1-2.
Има за што да жалат стружани, затоа што во 76.минута дојдоа до предност од 1-0, по пеналот што во гол го претвори Бесарт Ибраими. Претходно, во шенаесеникот на гостите беше соборен Марјан Радески.
Но, како да го „видоа“ предвреме дуелот со големиот турски гигант Галатасарај и му се израдуваа, па дозволија Жалгирис експресно да даде два гола.
Само две минути по голот на Ибраими, Жалгирис израмни преку Јури Кендиш.
Во 84.минута, дефанзивецот Меџит Незири беше несреќен и ја затресе сопствената мрежа, па Жалгирис од губитничка го сврте овој меч во победничка позиција.
Во првиот дел, за Струга ТЛ се заканија Ибраими и Радески, а Жалгирис имаше свои шанси преку Ојевуси и Антал.
На крајот, сепак, поискусниот тим на Жалгирис оди понатаму и ќе ги одмери силите со Галатасарај во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski